Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас на крајот од сезоната би можел да го напушти Наполи и да се пресели во португалскиот тим Бенфика, пренесува италијански „Наполи магазин“.
Како што пренесуваат Италијанците, во редовите на Наполи по лошата сезона се подготвени на комплетна реконструкција на тимот, а тоа значи и продажба на голем дел фудбалери меѓу кои и Елмас.
За македонскиот репрезентативец веќе има официјална понуда од 20 милиони евра од Бенфика, која од Наполи, наводно, била прифатлива и транспферот би бил прифатен некаде во месец јули.
„Елмас е можно да замине од Наполи затоа што не се интегрираше најдобро во тимот. Македонецот многу го сака Бенфика и ако понудата од 20 милиони остане, тогаш лесно може да замине од клубот“ – се вели во весникот.