Елизабет Борн останува премиерка на Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека Елизабет Борн ќе остане премиерка, изјави синоќа извор од кабинетот на Макрон.

– Со цел да се обезбеди стабилност и длабинска работа, претседателот одлучи да ја задржи премиерката, рече изворот.

Францускиот претседател, исто така, ќе даде назнаки за неговите планови за следните месеци „до крајот на неделата“, рече изворот.

Претходно се појавија гласини за можни промени во француската влада по неколкудневните немири откако полицаец застрела тинејџер кој одбил да застане за време на сообраќајна контрола.

Немирите беа еден од најголемите предизвици за францускиот претседател Емануел Макрон откако е на власт.

Пред тоа, Макрон се соочи со многу отпор на неговиот план да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 64 години.