Елизабета Ивановска е новата директорка на Битолската клиничка болница

Д-р Ивановска, која е специјалист интернист, субспецијалист пулмолог, доаѓа на местото на д-р Александар Обедниковски кој си поднесе оставка од директорската позиција во болницата во Битола, поради морални причини.
Во битолската болница за период од три недели имаше два смртни случаја. Почина петгодишната Јана Христова, а причините за ова се уште не се целосно познати. Обдукцијата не е завршена.
Другиот смртен случај беше пред два дена, кога почина новороденче.