Екипата на Наполи синоќа по пенал „рулетот“ стигна до титулата во Копа Италија победувајќи го фаворитот Јувентус.
За македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас ова е прв трофеј со тимот од Неапол, а шанса за настап доби во финишот од мечот. Тој преку социјалните мрежи ја пренесе радоста за неговиот прв трофеј во дресот на италијанскиот гигант.
https://www.instagram.com/p/CBji4b6IvIK/?utm_source=ig_embed
„Првиот трофеј во мојата кариера го освоив со специјален тим. Магична ноќ, со надеж дека со овој трофеј ќе започне долгата серија“, напиша Македонецот на својот Инстаграм.