
Лучијано Спалети, предводникот на италијанскиот гигант Наполи, уште од самото доаѓање во редовите на наполитанскиот клуб не го криеше своето одушевување од квалитетите и настапите на Ељиф Елмас, но македонскиот репрезентативец добива сѐ помала минутажа.
Македонскиот репрезентативец имаше фантастична ланска сезона за калчолигашот и се очекуваше во новата да биде еден од носителите на играта на Наполи, но наместо тоа ја „грее“ клупата за резерви како во својата прва сезона кога се пресели од Фенербехче.
Јасно е дека оваа ситуација не му се допаѓа на македонскиот „дијамант“, па реши да го „пецне“ својот тренер и јавно го искажа своето незадоволство.
„Мојата прва љубов (клупата)“, напиша Елмас на социјалните мрежи со фотографија од него пред клупата за резерви на Наполи.