Елмас со посебна шампионска честитка: Доаѓаме од мали земји како Македонија, останатото е историја (Фото)

Елиф Елмас си го оствари сонот и го повтори успехот на неговиот идол Горан Пандев, откако вчера со неговиот Наполи успеа да стане италијански фудбалски шампион за сезоната 2022/23.

Македонскиот репрезентативец е дел од новата златна генерација на Наполи која го повтори успехот од пред повеќе од 30 години, бидејќи овој тим на Лучијано Спалети направи нешто што се чекаше во Неапол од 1990-та година.

Наполи единствените титули во Серија А ги освои кога лидер на тимот беше неповторливиот Диего Марадона, а три години по неговата смрт, Елмас и соиграчите се нови херои во градот.

Честитките за успехот на Наполи доаѓаат од сите страни од светот, но навистина интересна и онаа која ја испрати самиот Елмас преку социјалните мрежи.

– Ние доаѓаме од мали земји како Македонија, Косово, Грузија, Словачка, Нигерија и Камерун, останатото е ИСТОРИЈА. Сонот на Неапол стана реалност, – порача Елмас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24)