Македонскиот фудбалски репрезентативец Ељиф Елмас постигна погодок, неговиот него втор во Серија А, во убедливата победа од 6:0 на неговиот Наполи против Џенова на репрезентативниот капитенот Горан Пандев.
Еламс прецизно стрелеше во 69 минута, тогаш за 5:0. Инаку и Елмас и Пандев мечот го почнаа на клупата за резерви.
Елмас рано влезе во игра, во 23 минута кога се повреди Инсиње, а Пандев доби шанса за настап во 54 минута, при резултат 2-0 за домашната екипа.
Инаку резултатот го отвори Лозано, во 10 минута. На почетокот на вториот дел погоди Зиелински за 2:0, а третиот гол на тимот предводен од Џенаро Гатузо беше дело на Мертенс во 57 минута. Стрелец за 4:0 беше повторно Лозано, а Елмас се погрижи за петардата во голот на Џенова. Конечните 6:0 во 72 минута ги постави нововлезениот Политано.
Наполи е лидер на табелата со двет победи од исто толку меча. Џенова остана на три бода од три натпревара
Истовремено Милан со 2:0 славеше на гостувањето кај Кротоне. Стрелци беа Франк Кеси во 45 минута од пенал и Брахим Диаз во 51 минута.
Милан исто така ја забележа втората победа, а Кротоне се чини уште на старот ги остварува предвидувањата дека во Серија А тешко ќе се задржи подолго од една сезона.