По маестралната партија во првиот меч сезонава, крунисана со погодок за Наполи и заверка на победата против Венеција, Елиф Елмас заслужено се најде во идеалниот тим на Серија А за воведното коло.
Покрај Елмас во средниот ред се уште и Педро од Лацио, Чалханоглу од Интер и Закањи од Верона.
Во нападот место си резервираа Џеко од Интер и Дибала од Јувентус, а во дефанзивната линија се најдоа Лацари и Хусај од Лацио, Шкрињар од Интер и Паломино од Аталанта. Голман на колото е Патрисио од Рома.