Македонскиот фудбалски репрезентативец и играч на Наполи, Елиф Елмас, на оригинален начин му упати поддршка на олимпиецот Дејан Георгиевски, кој за помалку од половина час ќе се обиде да освои златен медал во таеквондо на Олимпијадата во Токио.
„Од Бутел до Токио, како шампион ќе се вратиш дома“, напиша Елмас на Инстаграм, објавувајќи фотографија на која се гледа како Георгиевски го бакнува македонското знаме.