Британскиот пејач Елтон Џон е пуштен на домашно лекување откако поминал една ноќ во болница, по пад во неговата вила во Ница, Франција, пренесе „Би-би-би“.
Легендарниот музичар, кој е на возраст од 76 години, бил хоспитализиран во одделот за ортопедија во болницата „Принцес Грејс“ во Монако, каде бил соодветно лекуван за повредите.
„Елтон Џон беше примен во болница откако падна во неговиот дом во југот на Франција. Тој отиде во болница како мерка на претпазливост. По лекарските прегледи, тој утрово веднаш беше отпуштен на домашно лекување. Сега е дома и е во добра здравствена состојба“, изјави неговиот претставник за „Би-би-си“.
Елтон Џон го поминува летото во Франција со својот сопруг Дејвид Фурниш и нивните два сина, откако ја заврши својата долгогодишна турнеја „Farewell Yellow Brick Road“ во јули годинава.
Последните настапи го одбележаа повлекувањето на Елтон Џон од турнеите во живо, но пејачот не ја отфрли можноста за повремени и пократки настапи во иднина.
Откако го објави својот деби студиски албум во 1969 година, Елтон Џон стана еден од најомилените музичари во Велика Британија, но и во светот. Неговата долгогодишна музичка кариера ја одбележаа бројни хитови, меѓу кои и „Tiny Dancer“, „I’m Still Standing“, „Your Song“ и „Are You Ready For Love?“.