Втората доза од вакцината против коронавирусот на англо-шведскиот производител „AstraZeneca“ не смее да им биде инјектирана на лицата кои развиле крвни згручувања со ниски тробоците по примената на првата доза од вакцината, објави во петокот Европската агенција за лекови (ЕМА).
Агенцијата ја издаде препораката во рамките на истрагата за ретките но сериозните случаи на формирање згрутчувања на крвта кои можеби се поврзани со вакцините на „AstraZenecа“ и „Johnson&Johnson“.
ЕМА истражува појава на тромбоза во абдоменот и мозокот од март и издаде препорака двете вакцини да стават етикета со предупредување за проблемите со згрутчувањето на крвта, притоа истакнувајќи дека вкупната полза од двете вакцини е поголема од ризиците.
Во петокот ЕМА објави дека е потребно да се пратат знаците на појава на тромбови или ниското ниво на тромбоцитите низ три седмици по примањето на првата доза од вакцината „Vaxzevria“, како што е официјалниот назив на препаратот на „AstraZeneca“.
Особена грижа, пак, мора да пружена на лицата со крвни згрутчувања, истакнува во соопштението ЕМА.