![embid](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/embid.jpg?resize=640%2C393&ssl=1)
Победникот беше решен во последниот период, во него Денвер влезе со предност, но постигна само 17 поени, домаќините имаа десет повеќе и на крајот дојдоа до триумф од 126-121.
Ембид го предводеше тимот на Филаделфија до триумф над шампионот, тој постигна 41 поен, имаше десет асистенции и сеум скокови. Имаше поддршка од Максеј кој реализираше 25 поени.
Никола Јокиќ имаше солидна партија, беше најдобар во составот на Денвер со 25 поени и дури 19 скокови, српскиот кошаркар запиша само три асистенции.
Резултати:
Филаделфија – Денвер 126-121
Феникс – Сакраменто 119-117
ЛА Клиперс – Оклахома 128-117