Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, се изјасни за евентуалниот повик на НБА Ол-стар натпреварот.
Ембид остана надвор од стартната петорка, но тој би можел да биде избран, откако ќе бидат објавени резултатите од гласањето на тренерите.
– Не знам дали ќе стигнам до Ол-стар натпреварот. Како да знам. Како што кажав неодамна, веќе сум навикнат на непочитување, па нема да ме чуди ако не ми се јават. Ќе видиме. И де не се случи тоа, не е важно. Ако добијам покана тогаш ова е секогаш признание, без разлика дали сте на почетокот на кариерата или не. Се трудам да бидам најдобар, така што, штета е да не бидам меѓу главните играчи. Но, има поважни цели. Верувам дека нашиот тим е способен за многу оваа година, па ќе се концентрирам на ова, изјави Ембид.
НБА Ол-стар викендот ќе се игра од 17 до 19 февруари во Солт Лејк Сити.