Центарот на „Филаделфија“, Џоел Ембид изјави дека сака да биде најкорисниот играч во НБА лигата следната сезона.
Управата на клубот по крајот од сезоната објави дека може да донесе „звучно име“, па дури и преговараа со Леброн Џејмс, кој на крајот заврши во „Лејкерс“. Од потенцијалните засилувања на „Филаделфија“ не остана ништо, па Пол Џорџ ќе игра за „Оклахома“, а Кавај Ленард за „Торонто“.
Кога заврши сезоната, се шпекулираше дека може да дојдат нови играчи. Не ми беше грижа, бидејќи сакав да напредувам. Сакам да бидам подобар од споменатите момци, ако веќе и не сум. Сакам да бидам МВП. На крајот, тоа е индивидуална награда, но кога играм подобро и тимот е поуспешен. Кандидат сум, а ако сум прогласен за најкорисен играч, тоа значи дека сме на повисоко ниво, рече Ембид.