Ембиид опериран, надвор од терените најмалку уште четири седмици

Актуелниот најкорисен играч во НБА лигата, Џоел Ембиид, ќе паузира најмалку четири седмици по операцијата на коленото извршена во вторникот, објави неговиот тим Филаделфија 76ерс.

Ембиид беше опериран поради повреда на латералниот (страничниот) менискус на левото колено. Тој пропушти пет од последните шест натпревари, а Сиксерс без него загубија четири од пет меча.

Двократниот МВП има просек од 35,3 поени, 11,3 скока, 5,7 асистенции и 1,8 блокади по натпревар, но одигра само на 34 од 49 натпревари на Филаделфија во досегашниот тек од сезоната.

За повторно да се конкурираат за титулата најорисен играч (МВП), според новиот договор во НБА лигата, играчите мора да одиграат најмалку 65 натпревари од регуларната сезона за стекнат право на одредени признанија.

Четири седмици од вторникот изминуваат на 5-ти март, што значи дека Ембиид ќе пропушти уште 11 или 12 натпревари пред да биде преоценета неговата повреда. Тој ќе го пропушти и Ол-стар натпреварот на кој беше избран за стартер, на 18-ти февруари во Индијанаполис.