Јеменските бунтовници ја условуваат пловидбата кон Израел со хуманитарна помош за Газа

Јеменското движење Анасар Алах, на шиитската заедница Хути, ќе го попречува минувањето на бродовите кои пловат кон Израел, изјавил во саботата пртпаролот на бунтовничкото движење Јахја Сарија кого го цитира телевизијаа Al Masirah.

„Јеменските вооружени сили предупредуваат дека ќе го спречуваат преминот на бродови кои се упатуваат кон ционистичкиот ентите (Израел), без разлика на коај земја ѝ припаѓаат. Доколку Појасот Гаа не ја добие неопходната помош во храна и лекови, таквите бродови ќе станат легитимна цел на нашите вооружени сили“, изјави Сарија.

Исто така, ги предупреди и „сите бродски компании да не соработуваат со израелските пристаништа“.

Притоа Сарија нагласи дека Хутите не претставуваат закана за бродовите во Црвеното и Арапското Море, доколку пловилата кои се наоѓаат во тие води не се поврзани со Израел.

Минатата недела хуситските бунтовници соопштија дека со ракети и беспилотни летала ги нападнале израелските бродови „Unity Explorer“ и „Number 9“ во теснецот Баб ал-Мандеб. Бунтовниците тврдеа дека ги нападнале пловилата откако екипажите го отфрлиле нивното предупредување да го сменат курсот. Движењето се заканува дека ќе продолжи со нападите врз израелските бродови во Црвеното и Арапското Море додека не престанат непријателствата во Појасот Газа.