Емери: Поразот е фрустрирачки, но мора да напредуваме

Новиот менаџер на „Арсенал“, Унаи Емери своето деби во Премиер лигата го почна со пораз на „Емирати“, откако загуби од бранителот на титулата „Манчестер Сити“ со 2:0.
„Граѓаните“ во одбрана на титулата тргнаа со голот на Рахим Стерлинг во 14 минута, а конечниот резултат го постави Бернард Силва во 64 минута, а „топџиите“ по повеќе од две децении се предводени од новиот менаџер наместо Арсен Венгер.

Новата ера започна со пораз, а Емери тврди дека за напредок е потребно време.

Во првото полувреме „Сити“ беше малку подобра од нас, а резултатот од 1:0 беше шанса за промена во вториот дел. Ни требаше повеќе доверба во нашата способност, како и повеќе агресивен пресинг. Во второто полувреме бевме подобри кога ја пробивавме нивната линија на одбраната, но вториот гол ги ограничи нашите шанси. Ние сме нов тим кој мора да направи напредок. За мене тоа е фрустрирачки дека ни загубивме, но тоа е само уште едно искуство кон напредокот. Добро е што во првиот натпревар игравме против „Манчестер Сити“, но можеби е отежнувачки пред остатокот од сезоната. Имаме уште многу работа пред нас, но само што почнавме, рече Емери.

„Арсенал“ во второто коло го очекува нова тешка задача бидејќи на 18 август ќе му гостува на „Челзи“.