Еми 2024: Победници „Succession“ и „The Bear“

Драмската серија „Succession“ (Наследството) беше прогласена за најдобра на доделувањето на наградите Еми ноќта кон вторникот во Лос Анџелес, а нејзините актери триумфираа, додека „The Bear“ (Мечката) ја освои најдобрата хумористична серија.

По четиримесечно одложување поради штрајковит во Холивуд, елитата на американската телевизија се собра во понеделникот во Лос Анџелес на 75-то доделување на Еми наградите. Телевизискиот еквивалент на Оскарите обично се одржува во септември, но организаторите го договорија настанот за јануари, верувајќи, и очигледно со правво, дека штрајковите на актерите и сценаристите дотогаш ќе завршат и најголемите ѕвезди ќе можат да повторно да се појават на црвениот тепих.

Продукцијата на HBO „Succession“, мрачна и остра хроника за внатрешните расправии на богато дисфункционално семејство на чело на огромна медиумска империја, имаше 27 номинации и заврши со вкупно шест Еми награди, исто како и „The Bear“.

Серијата „Succession“ заврши минатата година по четирите сезони. Оваа серија, која освои Еми и во 2020 и во 2022 година, успеа да ги победи конкурентските „The Last of Us“ и „The White Lotus“.

Таа ги однесе и наградите за најдобар главен актер и актерка во драмска серија, тие отидоа во рацете на Киеран Калкин и Сара Снук. А наградата за најдобра машка споредна улога ја доби „Succession“, која ја освои британскиот актер Метју Мекфадиен.

Дури тројца актери од „Succession“ – Брајан Кокс, Киран Калкин и Џереми Стронг – беа номинирани за најдобра машка главна улога во драмска серија.

Баградата Еми за најдобра споредна женска улога ѝ припадна на Џенифер Кулиџ за сатирата „The White Lotus“.

Додека „Succession“ доминираше во категориите драма, „The Bear“ освои шест награди во категоријата комедија, а „Beef“ на Netflix доминираше во категоријата кратки серии.

„The Bear“, освен што ја освои наградата за најдобра хумористична серија, доби и три актерски награди: Џереми Ален Вајт ја доби Еми за најдобар главен актер, а Ајо Едебири и Ебон Мос-Бахрач за најдобра споредна женска улога и најдобар спореден актер.

Најдобра актерка во хумористична серија е Квинта Брансон („Abbott Elementary“).

Сер Елтон Џон ја доби својата прва Еми награда, што го прави „EGOT“, односно добитник на престижните филмски награди: Еми, Греми, Оскар и Тони.