Манекенката и актерка Емили Ратајковски и стенд ап комичарот Ерик Андре официјално открија дека се во врска врска.
Убавата вест комичарот ја објави на својот Instagram профил во форма на фотографија која „вреди илјада зборови“.
Емили и Ерик позираат разголени во станот на манекенката во Њујорк, а интимниот дел од телото на Ерик, како што се гледа на фотографијата, е покриен со емотикон во облик на срце, а неговите многубројни обожаватели предизвикаа вистинска хаос во коментарите.
„Ова е лудо“, „Што се случува“, „Љубоморна сум, каква среќа девојка е“, беа само дел од коментарите.
А што правеше Емили Ратајковски?
Таа беше задолжена да ја сними еротската фотографија за Денот на вљубените – ќе го видите одразот на нејзиното разголено тело во огледалото на фотографијата.
Нејзините фанови ја пофалија за интересниот портрет и промовирањето на позитивно гледање и претставување на телото.
View this post on Instagram