Еминентниот детски хирург Симеонов поставен за национален координатор за здравство

Владата на вчерашната седница го именувала д-р Ристо Симеонов за национален координатор за здравство. Тој е еден од врвните детски хирурзи во земјата. Доктор специјалист по детска хирургија.

Станува збор за детски хирург и доктор кој ја изврши првата трансплатација на бубрег кај дете во Македонија во 2009 година. Има меѓународно искуство и наобразба од медицината во Турција, Израел и други држави.