Рас ал-Хајма во Обединетите Арапски Емирати стана првата туристичка дестинација во светот која доби безбедносен сертификат од француската агенција за инспекција и сертификација и Светскиот совет за туризам и патувања (WTTC), соопшти министерството за развој на туризмот во емиратот.
За добивање на сертификатите била разработена и реализирана програма за воведвуање на строги мерки во сферата на јавното здравствео, санотарната и хигиенската безбедност во сите хотели во Рас ал-Хајма. Целта на сите овие иновации е минимизирање на можните здравствени ризици за вработените и за гостите.
Емиратот гарантира дека сите сместувачки капацитети се во согласност со високите стандарди за безбедност и хигиенските протоколи, а исто така осигирува и дополнителни обуки за вработените во туристичката индустрија.
„Како што продолжува туристичкиот проток, главната задача на нашата агенција е да ги преземе неопходните мерки за да го заштиит здравјето и спокојството на нашите гости“, изјавил Раки Филипс, генералниот директор на одделот за развојот на туризмот во емиратот Рас ал-Хајма.