Емисионите вредности на цврсти честички на Макстил во текот на цела 2022 година се далеку пониски од дозволените, гранични вредности. Компанијата во континуитет ги мери емисиите на цврсти честички од двата оџака активни во производниот процес и ги објавува квартално. Секој од овие извештаи покажал неколкукратно пониски вредности од дозволените. Во текот на измината година, секој месец вредностите биле барем за два до три пати, а некогаш и повеќе под граничните вредности пропишани од Министерството за животна средина, како и помали од дефинираните гранични емисиони вредности во А-интегрираната еколошка дозвола и од пропишаните европски гранични емисиони вредности.
Највисоката вредност во Макстил била измерена во емисиона точка Оџак од филтер постројка во месец јуни и изнесува 7,33 микрограми на метар кубен (mg/Nm3), а граничната вредност на оваа точка е 20 микрограми на метар кубен. На втората мерна точка, Оџак од пескара, каде најниската дозволена гранична вредност изнесува 30 микрограми на метар кубен, највисоката вредност била измерена во месец април и изнесува 11,21 микрограми на метар кубен.
Малите вредности на емисии од оџаците на Макстил се резултат на инвестициите на компанијата во зголемување на еколошките стандарди и во унапредување на производните процеси соодветно еколошките мерки и А-интегрираната еколошка дозвола.
На графичкиот приказ се претставени вредностите од двете мерни точки по месеци споредени со дозволените вредности.