Емотивна посвета за Бранка Станковска: Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко!

„Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука“, пишува Ирина Костовска на својот Фејсбук профил за доајенот на македонското спикерство, која беше синоним за врвен репрезент на македонскиот јазик на ТВ екраните и на рaдио и инспирација за многу генерации македонски телевизиски водители и новинари.

Легендарната Бранка Станковска почина на 90-годишна возраст во Скопје.

„Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец дури и по нејзиното пензионирање беше активна и се уште може да се слушне нејзиниот глас на радио програмите, ТОЧНО Е 12.00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко!“, напиша многу емотивно нејзината внука.