Емполи го шокираше Интер

Inter Milan’s Lautaro Martinez (R) challenges for the ball Empoli’s Tyronne Ebuehi (C) during the Italian serie A soccer match between FC Inter and Empoli at the Giuseppe Meazza stadium in Milan, 23 January 2023. ANSA / MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Емполи го изненадија фаворизираниот Интер на неговиот „Сан Сиро“ совладувајќи го со 1:0 во понеделникот вечерта во рамките од 19-то коло на италијанската Серија А.

„Нераѕурите“ имаа шанса со победа да се искачат привремено на второто место на табелата, но останаа трети со 37 водови, бод помалку од градскиот ривал Милан кој има и меч помалку и дури 13 од водечкиот Наполи. Емполи, пак, со непланираните три бода од Милано сега е деветти со 25 бодови, два повеќе од десеттиот Јувентус кој во пресрет на колото беше казнет со одземање на 15 бодови поради неправилности при трансферите на играчите.

Еден од клучните моменти на натпреварот се одигра во 40 минута, кога домашните останаа со играч помалку откако беше исклучен Милан Шкрињар. Словачкиот репрезентативец првиот жолт картон го одби во 25 минута, а вториот 15 минути подоцна. Предноста од играч повеќе во полето, Емполи ја искористи во 66 минута кога погоди Томасо Балданци.

Во првиот дуел во понеделникот Болоња и Кремонезе одиграа без победник 1:1. „Фенерџијата“ на табелата во водство го доведе Давид Окереке во 50 минута од пенал, но гостите од Кремона не успеаја да дојдат до првата првенствена победа сезонава, зашто веќе во 54 минута сопствената мрежа за израмнување на Болоња ја затресе Влад Чирчеш.

Болоња остана на 12-то место сега со 23 бодови, а за Кремонезе ова беше само осмиот бод сезонава.

Во последниот дуел од колото во вторник во Рим ќе се соочат Лацио и Милан.