Енекод бара изземање на Велешкиот суд, вработените најавуваат протести

Бугарската компанија Енекод побара судот во Велес да не одлучува дали „Фени“ ќе оди под стечај, со што инвеститорот го одложи рочиштето за кавадаречкиот комбината, па сега Врховен суд треба да одлучи кој суд ќе решава во овој случај.

Иако инвеститор во понеделникот требаше да даде и нова понуда до трите банки , си даде нов рок од 15 дена за да го направи тоа, затоа што како што изјавија пред два дена дознал за нов долг од 5,5 милиони евра кој комбинатот го има кон Управата за јавни приходи.

„Побаравме (рочиштето да се води) во Скопје зошто таму за сите е поекономично. Со тоа се остава простор да се постигне договор со банките. Јас не сум долго на оваа позиција, но сакаме да работиме бараме начин да ги решиме сите проблеми со Фени и ќе најдем начин да ги задржиме сите вработени“, рече Рајчо Аљошов Кацаров од „Енекод“.

Синдикалците кои присуствуваа на рочиштето се разочарани од ваквата одлука. Велат дела станува сѐ поизвесно дека порблемот со „Фени“ наскоро нема да биде решен.

За новонастанатата ситуација синдикатите ќе ги известат вработените од ‘Фени’. Од утре ќе одлучуиваат какви активности ќе преземат, не ја исклучуваат можноста од нови протести и блокади на автопатите.

За нив случувањата на првото рочиште се уште еден доказ дека доколку за комбинатоот се отвори стечајна постапка процес би траел долго време.

„Фени не работи нема приходи нема од каде да се финансира и ова денеска што се случи ја докомплицира работата и треба да не загрижи сите што сме вклучени во проблемот“, рече пеце Ристески од СИЕР.

Посочија дека освен француска компанија во игра се појавила и израелска фирма, за швајцарскиот фонд слушнале но никогаш не виделе понуда од оваа фирма. Вработените во Фени сеуште не ја добиле октомвриската плата нема најави ни дека тоа ќе се случи.

Вицепремриот Анѓушев пред два дена посочи дека и да се цотвори стечајна постапка за Фени проблемот ќе се реши за најмногу два месеци.

Предстечајна постапка беше отворена на барање на банките. Кон нив Фени има долг од 40 милиони евра и уште 20 милиони евра кон други доверители.