„Џенерал моторс“ и „Ел-Џи“ во заедничка фабрика ќе произведуваат батерии за електромобили

Компаниите „Џенерал моторс“ и „Ел-Џи Кем“ денеска објавија дека создаваат заедничко претпријатие за развој на производство на електрични автомобили на американскиот авто гигант.

Според соопштението за јавноста, странките ќе создадат заедничко претпријатие со еднакви удели во кое ќе се инвестира 2,3 милијарди долари, пари кои ќе бидат употребени за отварање фабрика за батерии за електромобили „Џи-Ем“ лоцирана во близина на местот Лордстаун, во сојузната држава Охајо.

Во фабриката ќе се вработат 1.100 луѓе, а нејзината моќност ќе биде 30 гигаВат часови годишно, со план за зголемување на моќноста во иднина.

Од американскиот производител на автомобили потенцираат дека новата фабрика ќе ја намали цената на батериите и со тоа автомобилите на електричен погон на „Џи-Ем“ ќе станат подостапни за крајните потрошувачи.