Енергетската ефикасност е од големо значење за граѓаните и за животната средина (ВИДЕО)

На овогодинешниот Саем на градежништво посебен фокус е ставен на енергетската ефикасност. Објектите трошат околу 40% од енергијата и 40% од ресурсите кои се произведуваат на глобално ниво и поради тоа тие се едни од најголемите придонесувачи во продуцирањето на стaкленички гасови.

Оптималното искористување на ресурсите и на енергијата во домовите и во работните средини сè повеќе не е луксуз и привилегија, туку е услов кој треба да обезбеди подобра иднина. Од енергетските показатели може да се забележи дека 40% од енергетските потреби на Република Македонија се за задоволување на потребите на домаќинствата.

За време на саемот, контролори од областа на енергетската ефикасност ги презентираат мерките и придобивките од воведување на системи и методи за енергетска заштеда. Промоцијата на енергетските контролори на Саемот на градежништво и Саемот на недвижности РЕАЛ ЕКСПО е поддржана од Швајцарската Амбасада во Република Македонија во склоп на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME – Increasing Market Employability) имплементирана од  Swisscontact и ПРЕДА Плус.

Граѓаните се повеќе се интересираат за придобивките од енергетската ефикасност и за да се увиди нивниот интерес беше направено видео истражување кое може да се погледне во продолжение.

Дали знаете што е енергетски ефикасен дом?

Дали знаете што е енергетски ефикасен дом? Вистинскиот одговор ве очекува на Саемот за Градежништво, каде на штандот на енергетските контролори ќе добиете информации и совети за енергетски ефикасен дом.

Do you know what is an energy efficient home? The real answer awaits you at the Construction Fair at the stand of the energy controllers, where you will receive information and advises for an energy efficient home.

Posted by Increasing Market Employability – IME on Wednesday, March 1, 2017