Компаниите од енергетскиот сектор кои имаат лиценци од Регулаторната комисија за енергетика ќе доставуваат податоци на месечно ниво до регулаторот. Како што зјави претседателот на РКЕ Марко Бислимовски,тие ќе се доставуваат на посебна веб апликација.
„На овој начин ќе добиваме редовно податоци од компаниите што ќе користат за следење на активностите на сите компании што имаат лиценци и ќе ни овозможат веднаш да реагираме при воочување на какви било неправилности во однос на функционирањето на пазарите. Тоа значи дека ако има некакво прекршување од страна на учесниците на пазарите, со веб апликацијата ќе можеме брза реакција со цел да се оневозможи антимонополско функционирање на овие лиценцирани компании“, истакна Бислимовски на денешната прес-конференција
РКЕ очекува и помош од Франција во делот на мониторирањето на пазарите на електрична енергија и природен гас.