Светската музичка сензација 2Cellos на 19 септември ќе го одржи последниот заеднички концерт кој ќе биде во Загреб.
Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер со европската турнеја која ќе заврши во Загреб се простуваат од својата публика како популарниот двоец.
По десет години заедно, шест студиски албуми, многубројни настапи ширум светот и продадени речиси милион влезници, дуетот вели „збогум“.
2Cellos станаа познати во 2013 година благодарение на видеото кое го објавија, а на кое ја изведуваат познатата песна„ Smooth Criminal“ на Мајкл Џексон.