
Американската пејачка Џенифер Лопез ја откажа својата турнеја „This Is Me…“, првата по пет години.
Компанмијата „Live Nation“, организаторот на летната турнеја, во петокот објави дека таа е откажана, наведувајќи дека „Џенифер зема слободно време за да биде со своите деца, семејството и блиските пријатели“.
Во обраќањето до своите фанови, Лопез објави дека е „целосно уништена и тажна што ги разочарала“.
„Ве молам знајте дека немаше да го сторам тоа ако не мислев дека е апсолутно неопходно. Ветувам дека ќе ви надоместам и дека повторно ќе бидеме сите заедно“, напиша Лопез.
Пејачката и организаторот не ја наведоа причината за откажувањето, но тоа доаѓа во време на шпекулации за развод со актерот Бен Афлек и гласини за слаба продажба на влезниците за концертите.
Пред неколку седмици голем број концерти како дел од турнејата беа веќе откажани, исто така, без објаснување.