Џенифер Лопез му го честиташе роденденот на Бен Афлек во неговиот дом

На познатата пејачка-глумица не ѝ пречеше фактот што Бен си купи „ергенска“ куќа токму на нејзиниот роденден. Средбата меѓу Лопез и Афлек, инаку, привлече внимание повторно благодарение на новинарите кои ја следеа Џенифер до новиот дом на глумецот.

Посетата, се наведува, не траела повеќе од половина час, а потоа Лопез отишла на концерт на Бруно Марс. Непосредно пред таа да пристигне кај својот засега последен сопруг, кај Бен пристигнала и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.

Неодамна во медиумите се појавија подробности дека Лопез и Афлек ги финализирале документите за развод. Според познаниците, ѕвездите се обиделе да го спасат својот брак, но не успеале.