
Џенифер Лопез на доделувањето на Американските музички награди ја изведе новата песна „On My Way“ од претстојниот филм „Marry Me“, во кој глуми заедно Овен Вилсон.
Џенифер неодамна во интервју за „ Today Show “ откри дека не ја исклучува можноста да се омажи по четврти пат.
Инаку, филмот „Marry Me“ треба да излезе на Денот на вљубените следната година, а пред неколку дена беше објавен и официјалниот трејлер за филмот.
Филмот е инспириран од истоимениот стрип на авторот Боби Крозби, а режиран е од страна на Кет Коиро. Трејлерот е прегледан повеќе од два милиони пати за четири дена, а луѓето под видеото на Јутјуб пишуваат дека со нетрпение чекаат филмот.