Во првиот меч од десеттото коло од италијанското фудбалско првенство, Џенова минимално со 1:0 ја совлада Салернитана.
Решавачкиот погодок го постигна Алберт Гудмундсон во 23 минута на асистенција на Руслан Малиновски.
Со победата повратникот Џенова напредуваше моментално на 15-то место со осум бодови, додека Салернитана остана на претпоследната 19-та позиција со четири бодови, само бод повеќе од „фенерџијата“ Калјари.
На врвот на Серија А е Интер со 22 бодови, пред градскиот ривал Милан со 21 и Јувнетус со 20 бодови.