Енрике го изостави Рамос од списокот за ЕУРО, првпат во историјата нема ниеден од Реал

Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација Серхио Рамор не се најде на списокот на 24 играчи на кои селекторот Луис Енрике смета за Европското првенство кое ќе се игра о 11-ти јуни до 11-ти јули.

„Ова беше тешка одлука, но Раост не играше и речиси не тренираше од јануари“, ја објасни својата одлука шпанскиот селектор Луис Енрике на прес-конференцијата во понеделникот.

„Вчера го повикав и беше тешко. Се чувствувам лошо, бидејќи тој е вистински професионалец и многу ѝ помогна на репрезентацијата. И ќе може уште да помогне во иднина. Но сега морам да најдам подобар за екипата“, додаде шпанскиот селектор.

Рамос паузираше поради повреди речиси целиот крај јна сезоната со неговиот Реал Мадрид, за кој оваа година одигра само пет натпревари.

Прво го повредни десниот бут, потоа листот од левата нога, па се зарази со коронавирусот и на крајот ја повреди потколеницата на левата нога.

Но освен што Рамос не најде место на списокот за ЕУРО, на него нема ниеден играч од Реал што досега никогаш не се случило.

Меѓутоа, во „Црвената фурија“ е повикан бекот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт, кој штотуки доби шпанско државјанство. Имајќи предвид дека досега трипати беше повикуван во репрезетнатацијата на Франција, но не одигра ниеден меч за „Триколорите“, Лапорт на крајот се одлучи за Шпанија.

Списокот на играчите на шпанската репрезентација за ЕУРО.

ГОЛМАНИ: Давид Де Хеа, Унаи Симон, Роберт Санчез

БЕКОВИ: Хозе Гаја, Жорди Алба, Пау Торес, Емерик Лапорт, Ерик Гарсија, Диего Љоренте, Сезар Азпиликуета, Маркос Љоренте.

СРЕДЕН РЕД: Серхио Бускетс, Родри, Тиаго Алкантара, Педри, Коке, Фабијан Руиз.

НАПАД: Жерард Морено, Алваро Мората, Дани Олмо, Микел Ојарзабал, Феран Торес, Адамо Траоре, Пабло Сарабија.