Јенс Леман казнет со над 400.000 евра откако со моторна пила оштетил гаража на сосед

Поранешниот голман на германската фудбалска репрезентација сега 54-годишниот Јенс Леман е казнет на суд во родниот град Штарнберг, откако со моторна пила ја оштетил гаражата на соседот.

Како што објави новинската агенција DPA, судот на Леман му изрекол вкупна парична казна од 420.000 евра за оштетување сопственост, навредливо однесување и обид за измама.

Околностите на овој инцидент се доста необични, а германските медиуми го опишуваат судењето како едно од најбизарните изминатата година. Леман, имено, се скарал со соседот околу гаражата, велејќи дека објектот му го попречува погледот на езерото од неговата куќа.

Поранешниот голман на Шалке, Милан, Борусија Дортмунд, Арсенал и Штутгарт провалил во гаражата на соседот покрај езерото Штанберг во Горна Баварија и засекол една од гредите. Леман бил „фатен на дело“ од надзорната камера која снимала со резервната батерија, и покрај тоа што Леман го извлекол струјниот кабел на камерата пред да провали во гаражата.

Леман признал дека влегол во гаражата со моторна пила в рацете, но и дека повеќе на ништо не може да се сети.

„Нема сомневање дека обвинувањата против поранешниот германски репрезентативец се вистините“, изјави јавниот обвинител Штефан Крутцер.

Леман со германската репрезентација освои сребро на Сверското првенство во 2002 година, и брозна на мундијалот четири години подоцна. Има и сребрен медал од Европското првенство во 2008 година. Вкупно впиша 61 настап на голот на германската селекција.

По звршувањето на играчката кариера извесен период беше тренер на голманите во Арсенал, помошник тренер во Аугсбург, а кусо време беше и член на управата на Херта. Таму беше отпуштен по недоличен коментар за црномурестиот коментатор на Sky Sport TV, поранешниот фудбалер Денис Аогу. Леман подоцна се извини.