Филмот „Ент-мен и Восп“ е на првото место на Бокс-офисот откако имаше глобално отворање со 161 милион долари, од кои 85 милиони се во странство. Во САД, последниот филм во кој Пол Руд и Еванџелин Лили глумат микрохерои заработи 76 милиони американски долари, што го прави дваесеттиот последователен филм од Универзумот на Марвел кој стартуваше на првата позиција.
Филмот имаше најдобро деби во Кореја со 20,9 милиони долари, по што следат Мексико со 6,7 милиони американски долари,и Индонезија со 5,6 милиони евра.
И другата група протагонисти во костими ужива успех на кино- благајните. Второто продолжение на „Неверојатните“ на Дизни и Пиксар собра уште 35,7 милиони долари во странство и 29 милиони долари во САД. За четири недели, тие заработија 772,2 милиони долари ширум светот.
Од друга страна бројот од заработени над една милијарда долари неделава оствари и филмот „Светот на Јура:Падот на царствата“ откако собраа дополнителни 56,2 милиони американски долари на глобално ниво. Блокбастерот за диносаурусите заработил 725 милиони американски долари само од странство.