Кармело Ентони и Денис Шрудер се дел од трејдот меѓу „Атланта Хоукс“ и „Оклахома Сити Тандерс“ во кој учествува и „Филаделфија Севентисиксерс“. Според договорот, Ентони ќе замине од „Оклахома“ во „Атланта“, а Германецот Шрудер од Атланта ќе се пресели во Оклахома.
Со преминот во „Хокси“, Ентони сигурно ќе стане слободен играч, па ќе може да потпише со друг клуб. „Хјустон“ се силно заинтересирани да го доведат Ентони и чекаат овој кошаркар да стане слободен играч за да излезат со понуда, а тренерот на „Рокетс“, Мајк Дантони веќе зборувал со него. За Ентони се заинтересирани и „Мајами Хит“.
„Атланта“ од „Оклахома“ го доби и заштитениот пик од првата рунда на драфтот во 2022 година.
Во „Тандерс“ заминува германскиот плејмејкер Шрудер и крилото Мајк Мускала. Мускала нема да се задржи во „Оклахома“ бидејќи ќе се пресели во „Филаделфија“, од каде во „Оклахома“ ќе замине Французинот Тимоти Луваву.
„Атланта“ од претходно сакаше да се ослободи од Шрудер со цел да отвори простор за Трео Јанг и плејмејкерот Џереми Лин, кој го донесоа во трејдот со „Бруклин“. Штрудер, од друга страна, е одлична опција за „Тандерс“ бидејќи е плејмејкер кој совршено ќе се надополнува со Расел Вестбрук, а исто така на него ќе заштедат пари во однос на тоа што требаше да му платат на Ентони.