Ентузијасти од Скопје изработуваат заштитни капи и каљачи за медицинскиот персонал кој се соочува со недостаток на заштитна опрема

Пред само неколку дена, на 27 март започнавме со иницијатива да израборуваме дома заштитни капи и каљачи за медицинскиот персонал кој се соочува со недостаток на заштитна опрема, а истовремено се соочени со предизвикот за зачувување на здравјето и животот на граѓаните, како пред тоа, така и за време на актуелната пандемија.
За среќа во акцијата ни се приклучија голем број жени, од различни професии, кои искрено и од срце сакаат да помогнат и лично од свои средства шијат капи и каљачи и ги дистрибуираат онаму каде е потребно, пишува на Фејсбујк Марија Андоновска, поранешна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и медицинско лице.
Таа и се заблагодарува на сите тие храбри жени за нивната човечност во овие тешки мигови.
„Хуманоста не познава граници, нема бариери. Се приклучија и жени кои се вешти во шиење на маски. Се јавија луѓе кои помагаат со дистрибуција. Секој на свој начин, колку може помага. До нас стигнуваат голем број барања од здравствени работници од сите институции во државата“, наведува Андоновска и посочува:

„Правиме се што можеме, работиме ден и ноќ, да испорачаме секаде по одредена количина, но ве замолувам за трпение. Верувајте побарувањето и потребите на здравствените работници се огромни и фабрика да бевме немаше да постигнеме.
Секој што ќе ни се обрати ќе биде исконтактиран и секаде ќе се обидеме да испорачаме одредена количина од изработките“.

Групата ентузијасти молат за трпение, но и ги охрабруваат сите оние кои досега не им се приклучиле, да им се приклучат, за да може за побрзо време да испорачаат повеќе изработки, секаде каде што е потребно.

https://www.facebook.com/groups/802697173473468/permalink/805924676484051/