ЕП ја разрешија обвинетата Каили, против само хрватски пратеник

Европарламентарците очекувано во вторникот ѝ го одземаа мандатот на една од 14-те потпретседатели на Европскиот парламент на грчката пратеничка Ева Каили којашто белгиските власти ја обвинија за корупција, а против таквата одлука единствено гласаше хрватскиот независен европарламетарец Мислав Колакушиќ.

За разрешување на обвинетата потпретседателка гласа 625 од 628 европарламентарци. Против отповикувањето на мандатот на Каили гласаше споменатиот Колакушиќ а уште двајца европарламентарци беа воздржани. За прифаќање на одлуката за разрешување потребно беше двотретинско мнозинство од пратениците.

Претходно во вторникот претседателката на ЕП Роберта Мецола објави дека Конференцијата, парламентарно тело кое го сочинуваат претседателите на пратеничките групи и претставник на независните пратеници, едногласно му предложи на Европскиот парламент да ѝ го одземе мандатот на грчката пратеничка.

Каили е една од четирите лица уапсени и обвинети изминатиот викенд во Белгија, поради сомневања дека Катар ги подмитувал за а влијае врз носењето одлуки во Европскиот парламент. Официјална Доха отфрли секоја своја вмешаност во скандалот.

„Секое поврзување на катарската влада со наведените тврдења е неосновано и претставува сериозна дезинформација“, изјавија функционери од Доха.

Белгиската полиција во претресите во петокот на повеќе од 16 локации при што се запленети над 600.000 евра во готовина, како и многу компјутери и мобилни телефоните. Меѓу уапсените е и социјалистичката пратеничка Каили, а сите се обвинети за учество во криминална организација, перење пари и корупција.

На Каили поради истрагата претходно ѝ беа одземени сите овластувања во Европскиот парламент, а грчката социјалистичка партија ПАСОК и пратеничката група на социјалистите во ЕП ја исклучија европратеничката од своите редови.

Белгиското обвинителство соопшти дека со месеци имале сомневање и следела дека една земја од Персискиот залив се обидува да влијае врз носењето одлуки во Брисел. Каили негираше дека земала пари од Катар, соопшти еден од нејзините адвокати во Грција.