ЕП до 19 години: Полска пресилна за македонските одбојкарки

Македонската женска одбојкарска  репрезентација доживеа убедлив пораз со 3:0 вечерва од Полскa во 5-то коло на Европското првенство за одбојкарки до 19 години.

На средбата одиграна вечерва во СЦ „Борис Трајковски“, полските репрезентативки доминираа во сите елементи. Првите два сета завршија со резултат 25:8, а во третиот Македонките освоија 18 поени.

Македонските девојки континенталниот шампионат го завршија на последното, 6-то место во Групата-1 со пет порази во исто толку натпревари и без ниту еден освоен сет.

Полска како второпласирана избори учество во полуфиналната фаза.

Покрај полската, од оваа група пласман во полуфиналето избори и првопласираната Италија која освои максимални 15 поени.

Во полуфиналето ќе играат Италија – Холандија и Србија – Полска.