Европскиот парламент ја усвои денеска резолуцијата за Косово во која се поздравува одлуката на Европскиот совет за отпочнување преговори за Договорот за стабилизација и асоцијација.
Резолуцијата е усвоена со 485 гласови „за“, 94 „против“, додека 40 пратеници биле воздржани.
Известувачот за Косово, Улрике Луначек вели дека што мнозинство пратеници го поддржаа нејзиниот извештај праќа силен сигнал дека иднината на Косово лежи во интеграција во Европската Унија.