ЕП ќе гласа за замрзнување на преговорите за членство на Турција во ЕУ

турција

Иако гласањето ќе привлече големо медиумско внимание, тоа нема да биде конечната одлука по прашањето за преговорите на Турција за пристапување кон ЕУ.

Тоа е така бидејќи преговорите  за членство ги води и за нив решава Европската комисија, а не Европарламентот.

Европратениците, кои се избираат од гласачите на ЕУ на секои пет години, можат да донесуваат закони на ЕУ заедно со другите држави членки, но тие немаат ингеренции по прашањата поврзани со надворешната политика.

Денешното гласање може да испрати силен политички сигнал, но нема да има право обврзувачко влијание врз одлуката на Комисијата во врска со преговорите за членство на Турција.

Согласно директивите на ЕК за преговорите, „сериозното и постојано нарушување“ на европските вредности, меѓу кои и непочитувањето на „основните слободи и владеењето на правото“ можат да станат причина за привремен прекин на преговорите.

Што е точно значи „сериозно“ и „постојано“ остава отворен простор за различни интерпретации, оценува ДПА.

Во случај на прекршување, се очекува ЕК да препорача замрзнување на преговорите и потоа да бидат наведени условите, со кои преговорите можат да бидат обновени.

Во таков случај, 28-те земји членки на Унијата тогаш ќе треба да гласаат по препорака на Комисијата.

За да биде прифатен предлогот, неопходно е одобрение од најмлаку 16 членки, во кои живеат најмалку 65 отсто од граѓаните на ЕУ.