Европарламентарците повикаа во четвртокот на укинување на верото во одлуките на Советот за надворешна политика за да се зајакне глобалната позиција на Европската унија.
„Европското безбедносно опкружување е покревко од кога и да е од крајот на Студената војна. Ниту една членка не може ефикасно да одговори на денешните глобални безбедносни предизвици самата за себа“, рече Дејвид Мекалистар.
Годишниот извештај за надворешната и безбедносна политика на овој германски политичад од редовите на Европската народна партија (EPP) во Европскиот парламент доби поддршка од 474 гласови, против беа 113 а 102 пратеници беа воздржани.
„Европската унија треба да ја преземе водечката улога во јакнењето на мултилатералните партнерства за да стане голбален предводеник во заштита и промовирањето на демократијата и човековите права“. Потребно е, исто така, „подобрување на видливоста и на постапките при носењето одлуки во рамките на ЕУ, како и максимално и поефикасно користење на ‘тврдите’ и ‘меките’ инструменти на моќта, вклучително и воведување гласање со квалификувано мнозинство за носењето одлуки за надворешната политика на ЕУ“, се наведува во извештајот.
Во моментов, имено, секоја држава членка има право на вето во надворешната политика, а прашањето на реформите на таквата практика е едно од најголеми спорни прашања меѓу заговорниците и противниците на натамошните европски интеграции.
Противниците смеатаат дека тоа е чекор кон претворањето на Европската унија во федерација во којашто најсилните и најбројни членки полесно би ја наметнувале својата волја над националните интереси, додека поборниците велат дека едногласното носење решенија го оневозможува афирмирањето на ЕУ како глобален актер споредлив со САД и Кина.
Со извештајот, исто така, се „повикува на соработка на ЕУ со земјите од западен Балкан за да се изнајдат репени за проблемите кои ги попречуваат натамошните реформи, вклучително и 14-те клини приоритети во Босна и Херцеговина и со коишто се осигурува спроведуивањето на Дејтонскиот мировен договор“.
„Можноста од руски напад е сигнал за ЕУ“
Европскиот парламент, исто така, го усвои и годишниот извештај за проведување на заедничката безбедносна и одбранбена политика на француската пратеничка Натали Лоасо.
Во овој извештај се истакнува дека „решителната одбранбена политика на ЕУ е потребна за ЕУ да може ефикасно да работи на постигнување мира, човечка сигурност, демократија и одржлив развој“, како и воспоставувње европска одбранбан унија во рамките на постигнува стратешка автономија на Унијата,
„Годината 2021-ва го означи крајот на нашите илузии. Меѓународниот поредок е урнат. Русија можеби ќе ја нападне Украина, тоа е еден сигнал за нас… Во кризни ситауции Европската унија мора да има капацитетит за брзо дејствување“, ијави во вторникот на пленарната седница известителката Лоасо,
Истакна дека смета оти целта на би требало да биде креирање на воено тело на Европската унија.
Во извештајот, исто така, се повикува ЕУ да развива вселенска одбранбена стратегија, при што се истакнува дека Вселената „има потенцијал брзо да се претвори во воена арена доколку не се воспостават меѓународни правни инструменти“.
Извештајот на Натали Лоасо беше усвен сам осо 369 гласови „за“, додека „против“ беа 197 а воздржани 123 пратеници.
Десните пратенички групи сметаат главно дека одбранбената политика не е ингеренција на ЕУ, а дел од нив гледа во тоа закана за НАТО, додека дел од левицата се противи на таквите инструменти во коишто гледа милитаризација на континентот.