ЕП се заложи за рeвизија на Договорот за ЕУ

Европскиот парламент се заложи за ревизија на Договорот за Европската унија во усвоената ревизија во средата, со цел да се исполнат очекувањата на граѓаните и предлозите на Конференцијата за иднината на на Европа.

Пленарната седмица на Конферанцијата за иднината на Европа минатиот викенд усвои 325 препораци за реформа на Европската унија, а некои од нив подразберуваат и измени на темелниот Договор за ЕУ.

Копретседателот на Извршниот одбор на Конференцијата за иднината на Европа, Ги Верхофштад, на дебатата во Европскиот парламент во вторникот повука на измени на Договорот за ЕУ и предупреди дека „потребна ние е Европска унија којашто може веднаш да реагира, а ен да реагира премалку или предоцна“.

Белгискиот европратеник и поранешен функционер на колегите им напомна дека предлозите како што се основањето на ткн Здравствена или Енергетска унија, нема да се остварат без измени на Договорот за ЕУ.

„Големо мнозинство во Европскиот парламент ја покренува процедурата за измана на Договорот. Амбициозното спроведување на она што граѓаните го предложија на Конференцијата за иднината на Европа повикува на конвенција. Здравјето, енергијата, одбраната, демократијата… Можна е поинаква ЕУ“, објави на Twitter Верховштад откако беше изгласана резолуцијата.

Во усвоената резолуција европратениците повикуваат на свикување конвенција со активирање на постапката за ревизија за Договорот предводена со челнот 48 од Договорот за ЕУ и ја повикуваат Комисијата за усптавни прашања да ја започне потребната постапка.

Европратениците сметаат дека проектот покажал дека граѓаните сакаат промени. Според нив доколку со институционално работење на 325-те усвоени заклучоци се успее да се внеста промените и доколку се исполнат очекувањата на граѓаните, се создаваат предуслови за трајно јакнење на довербата во институциите и политичките процеси.

Некои европратеници ги поздравуваат насоките да се зајакнат надлежностите во ЕУ во здравствената сфера, но се критични на предлокот на Конференцијата според кој едногласното одлучување за надворешнополитичките прашања би требало да се замени со решавање на просто мнозинство.

„Тука треба да се биде јасен: правото на вето е полезен инструмент кој им обезбедува на државите членки да ги заштитат своите интереси во одредени стратешки области. Тоа е посебно важно за помалите држави членки кои и во заедничка Европа имаат право да ги зачуваат своите права и идентитетот. Поради нив да се воздржиме од експерименти кои можат само да создадат штета. Нашите цели можеме да ги постигнеме и во моменталната уставно-правна рамја, со повеќе политичка волја отколку што имаше досега“, изјави Томислав Сокол, хрватски европратеник од редовите на Европската народна партија (EPP).

„Народњаците“, социјалистите, либералите, зелените и левицата во резолуцијата изразуваат задоволство од „амбициозните и конструктивните предлози на Конференцијата“ и од подготвеноста за резвизија на Договорот за ЕУ, но спротивни ставови имаат европарламентарците од редовите на конзервативците и од крајната десница кои сметаат дека Конференцијата за иднината на Европа не може да се смета легитимна појдовна точка за свокување на конвенцијата.

Француската европратеничка Елен Лапор од групата Идентитет и демократија во вторникот рече дека Конференцијата била „неуспешна“, а холандскиот пратеник Михаел Хоогевеен (ECR) изјави дека Конференцијата „нема никаков легимититет“, додавајќи дека „идеите на дигиталната платформа одвај биле корисни, а стручњаците ги насочувале граѓаните на панелите“.

Според некои од нив, „целиот концепт е лажиран, а заклучоците однапред одредени“. Велат дека Конференцијата за иднината на Европа претставувала „опасен удар врз демократијата во ЕУ“ и дека заклучоците од неа „траба да бидат ставени во рамката на мислењето на само еден мал број луѓе, а никако не е репрезентативно мислење на граѓаните на ЕУ“.

На Денот на Европа, на 9-ти мај, трицјата претседатели на Извршниот одбор на Конференцијата за иднината на Европа ќе го престават конечниот извештај за Конференцијата на претсеадтелите на главните институции на ЕУ на церемонијата во Европскиот парламент во Стразбур.