Епицентарот бил на 120 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија.
Земјотресот бил почувствуван и во Дебар и предизвикал вознемиреност меѓу дебарчани.
Албанскиот Сеизмолошки институт, претходно соопшти дека два часа по првиот потрес следувал уште еден, но со помал интензитет.
Првиот потрес, бил со јачина од 4,2 степени според Рихтер, а епицентарот бил на педесеттина километри од Тирана, во близина на пограничните населени места со Македонија, поточно во планинскиот предел помеѓу градовоите Елбасан и Булќиза.
Земјотресот е почувствуван и во другите погранични македонски градови, но и во Тирана.