Бројот на регистрирани случаи на глувчешка треска во Словенија е во пораст, а таа се припишува на зголемената популација на глувци по богатиот род на семенски жир во шумите, со кои тие глодари се хранат.
– Досега забележавме повеќе од 200 пријави на хеморагична треска – изјавила на прес-конференција епидемиологот Ева Грилц од националниот Институт за јавно здравје.
Лани за цела година се забележани 252 случаи, па годинава се смета дека има вистинска епидемија и дека бројот на заразени досега е рекорден, а опасноста за пренесување на заразата особено се појавува во летните месеци, се до средната на есента.
Врвот на сезоната на глувчешката треска која се шири преку вирус од изметот на глодарите е при крајот на јуни и почетокот на јули, кога бројот на пријавените почнува да опаѓа, предупредуваат здравствените служби.
Во микробиолошката лабораторија на Медицинскиот факултет во Љубљана, кој единсвн регистрира ханатавирусна зараза кој ја предизвикува глувчешката треска, велат дека имаат многу работа.
Од 516 земени примероци на ханатавирус позитивни биле 203, а некои заболени поради високата температура мислеле дека се заразиле со коронавирусот.