Епидемија на грип во Бугарија

Епидемија на грип е прогласена во вкупно пет области во Бугарија, објавија денеска локалните медиуми.

Епидемија има во Хасково, Видин, Јамбол, Пловдив и Благоевград. Во Хасково и Видин мерките се веќе на сила, а во Јамбол од денеска децата ќе имаат онлајн настава во училиштата.

Од денеска во Пловдив и Благоевград се забранети посети во болниците. Во градинките и училиштата нема да се примаат болни деца.

Во изминатите четири дена бројот на заболени од грип во Пловдив е зголемен за 35 отсто.

Во Благоевград се воведува обврска медицинскиот персонал да носи медицински маски во медицинските установи.

Од утре, шеста област ќе прогласи епидемија на грип – во Варна се воведуваат посебни мерки за спречување на ширењето на грипот, јавија бугарски медиуми