Епидемија на коронавирусот: Бројот на заразените потценет, стапката на смртноста преценета

Смртните исходи како последица од заразата со новиот сој коронавирус во поголема мера се ограничени на централниот кинески град Вухан, кој бележи 73 отсто од леталните исходи и покрај фактот што има само третина од потврдените случаи.

Во Вухан, епицентарот на епидемијата, едно лице починало на 23 потврдени случаи. Оваа бројка во другите кинески региони опаѓа на еден починат на 50 заразени, дедека надвор од континентална Кина во просел е регестрирана една смрт на 114 пријавени случаи.

Епидемиолозите велат дека оваа дискрапанца е присутна во прв ред поради тоа што поблагите случаи на зараза со вирусот не се пријавуваат во Вухан и во другите делови од провинцијата Хубеи, додека земјата се справува со недостиг од опрема за тестирање и болнички кревети.

„Кога се соочувате со зараза, стапката на смртноста мора да ја интерпретирате со доза на скепса, поради тоа што само ретките случиа доаѓаат во фокусот на луѓето“, вели Амеш Адалџа, стручњак за приправност во случаи на пандемија во Центарот за Здравствена безбедност „Џонс Хопкинс“ во Балтимор.

„Тешко е да се каже дека овие бројки го претставуваат вистинското лице на заразата“, вели Адалџа, кој проценува дека моменталниот процент на смртноста изнесува под еден отсто.

Во светот до средата се пријавени 24.551 случај. Доколку смртноста е во еден отсто од заразите, а досега починале 492 лица, според оваа пресметка, вистинскиот број заразени е околу 49.000 луѓе.

Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) за Кина, Гауден Галеа, во неделата за Reuters рече дека грубата калкулација посочува дека доколку бројката заразени се подели со бројот на смртните случаи, се добива стапка на смртноста од два отсто, и додаде дека таа стапка е во опаѓање.

„Луѓето подобро ќе го сфатат ризикот, доколку знаат колку има луѓе и со благи симптоми и колку на нив доаѓаат смртни исходи“, смета Адалџа.

Во Вухан некои луѓе со поблаги симптоми се одвраќани од хоспитализација поради недостиг од болнички капацитети, рекле за Reuters неколку извори. Друг, пак, се одлучиле за самоизолација.