Се очекува епидемијата на грип, врвот да го достигне следната недела, изјави професорот Тодор Кантарџиев, директор на бугарскиот Национален центар за инфективни и паразитни заболувања, за бугарската агенција „Фокус“.
Во моментов заболени се околу 100.000. Минатата година имавме неколку недели кога бројката на пациенти беше над 200 или 400.000, додаде професорот.
Кантарџиев вели дека засега преовладува т.н. свински грип – H1. Тој истакнува дека на свинскиот грип најподложни се децата и работоспособните лица.