Епидемијата на морбили во Македонија: Во една недела над 100 ново заразени

Во текот на минатата недела регистрирани се над 100 нови случаи на мали сипаници во центрите за Јавно здравје во 20 градови.

Нема нови жртви како последица на мали сипаници, но во меѓувреме неделниот извештај на Институтот за јавно здравје забележано е дека најмногу заразени се повозрасните лица.

Околу 70 отсто од луѓето заболени од мали сипаници се постари од 20 години, како и дека 99 отсто од заразените деца се на возраст од 0-3 години се пријавени како невакцинирани.

Што се однесува до возраста на заразените, повеќето од случаите се возрасни лица, односно продолжува тенденцијата на заразување со мали сипаници кај старите лица. Речиси 40 отсто од заразените се на возраст над 30 години, ако ги броиме овде и лицата од 20-29 години, тогаш овој процент е над 50. 38% се од нула до четири години, додека другите се со средна возраст. Најголем број се потврдени со лабораториски испитувања, околу 50% други главно се епидемиолошки, а други само со клинички слика – вели Гордана Кузмановска, епидемиолог.

Најчестите случаи на мали сипаници се од главниот град, додека пак голем број се регистрирани и во некои други градови. Минатата недела епидемијата на мали сипаници се прогласи и во Струга и Кичево.